Претставници од Регионалниот центар за управување со кризи Струмица, Дирекцијата за заштита и спасување Струмица, Црвен Крст Струмица и претставник од УНДП Скопје, во периодот од 16 до 18.12.2018 година,  реализираа студиска работна посета на градот  Краљево, Република Србија.

            Оваа посета беше организирана со цел размена на искуства  со колегите од Секторот за европски прашања за цивилна заштита  при градската администрација на градот Краљево и е подржан од  Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамките на проектот „Градење на акциска мрежа за урбана  отпорност во Југоисточна Европа“ - SEE URBAN во која покрај останатите земји од регионот се вклучени  Република Македонија и Република Србија.

            Посетата започна со прием од страна на градоначалникот на Краљево - Предраг Терзиќ  и  шефот на Проектниот центар Марјана Продановиќ, која информираше и презентираше низа на проекти,  а воедно и презентација на градот Краљево со сите културно историски знаменитости и современиот начин на живот.

            Работниот дел од посетата продожи и се одвиваше во Oдделението  за цивилна заштита при градската управа -Сектор за цивилна заштита каде се презентираа системите за заштита и спасување, нивните сличности и  различности, начинот на организирање и справување со сите предизвици, преку практични примери од секојдневното работење.

            Посетата продолжи  во  предучилишната установа "Олга Јовичиќ - Рита", каде што беа претставени активностите во врска со реализирани  обуки  со  вработените од  детската градинка  и реализирани  вежби со децата се со цел увежбување и подготовка за справување и спроведување на проектот "Мала цивилна заштита".

             Вечерта се одржа средба со поверениците – волонтери  за цивилна заштита на градот Краљево, при што имаше можност да се разменат искуства и знаења.

            Наредниот ден беа претставени уште неколку проекти за смалување на ризикот од шумски пожари, а од страна на ЦУК беше претставен веб базирана алатка МКФФИС, како и останатите  апликации и системи на ЦУК .