Од ЦЈЗ Скопје известуваат дека испитаниот примерок од вода за пиење од бушен бунар Б-2 во нас.Бардовци не одговара на законските и стручните прописи поради зголемено количество на нитрати.
Од ЦЈЗ Битола известуваат дека бактериолошки неисправни се водите од селските водоводи во Дихово, Нижеполе, Трново, Магарево, Братиндол, Рамна, Лера, Горно Српци, Лавци, Буково, Бистрица, Олевени, Барешани, Острец и Граешница, додека физичко – хемиски неисправни се водите од селските водоводи во Нижополе и Братиндол.