На ден  13.12.2018 година во  салата  на  Дом на АРМ  Струмица,   се одржа  редовна  седница на Регионалниот штаб за управување со кризи  Струмица  на која  се работеше  по следниот дневниот  ред  :

                1. Подготвеност на ЕЛС Струмица, Василево Босилово, Ново Село  и  ЈПКД за спроведување на  Програмата за одржување на улиците, локалните патишта  во општините во зимски услови   за   2018/2019 година и препораки за справување со ладниот бран.

                2. Информација за состојбата со речните корита и акумулациите во надлежност на Водостопанство на РМ подружница Струмичко Поле-Струмица

                3. Информација за исправноста на водата за пиење во Струмичкиот регион.

                4.Запознавање акциониот план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, препораки и мерки за намалување на   аерозагадувањето  во општина Струмица и регионот.

                 Седницата ја отвори и со неа  раководеше Раководителот  на РШ при ПОРКОА  РЦУК Струмица  Милан  Русев   а присуствуваа: претставници од ЕЛС Струмица, Василево, Ново Село   и Босилово,  претставници од ЈКП    „Комуна “- Ново Село, ЈКП „Турија “-Василево, Македонија пат-Струмица,  МЗШВ   Струмица, ПШС „Беласица “Струмица,  ЈЗУ Здравен дом Струмица, ВС на РМ Подружница „ Струмичко поле “ Струмица, Агенција за храна и ветеринарство ПЕ Стумица, ДЗС Струмица, ТППЕ Струмица, Црвен Крст и др.

                По завршувањето на седницата беа донесени следниве заклучоци:

                1 Се задолжуваат ЕЛС Струмица, Василево. Босилово и Ново Село ЈЗУ,,Здравен Дом‘‘ Струмица , ОО на Црвен Крст Струмица ,ПО РЦУК Струмица и ДСЗ ПО Струмица да извршат посета на населените места за кои постои поголем ризик за отсечување од цивилизација во случај на евентуални обилни снежни врнежи во престојниот зимски период.

                2.Се задолжуваат сите субјекти учесници во Системот за управување со кризи да ја зголемат меѓусебната координација со цел поефикасно справување во кризна состојба во зимски вонредни услови, доследно да ги почитуваат законските надлежности, и да се придржуваат на усвоените Оперативни планови за дејствување при екстремно зимски вонредни услови.

                3. Приоритет при чистење и одржување на патните правци ,да им се даде на правците кои водат до медицинските установи, школите,ТППЕ , органите на државната управа и ЕЛС, како и планинските села кај кои постои можност за отсеченост и тоа селата Мемешли, Дорломбос, Орманли (општина Струмица) Висока Маала (општина Василево), Барбарово,Бадилен иСтиник (општина Ново Село)

                4. Се задолжуваат сите здравствени јавни установи во општината редовно да ја следат ситуацијата околу здравствената состојба на населението и редовно да информираат за состојбата.

                5. Сите институции кои се опфатени со Акциониот план за превенирање на штетните влијанија и последиците од студеното време и студените бранови врз здравјето на населенито во РМ да ги превземат сите соодветни активности и мерки кои се определени според фазите од системот за ранопредупредување и алерт во зимскиот период.

                6,Се задолжуваат општините Ново Село Василево и Босилово да изработат Акционен план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Општините