Во рамките на превентивните мерки пред почетокот на зимската сезона, како и секоја година во овој временски период од годината на иницијатива на Раководителот на РЦУК Кичево, Сузана Тасевска, се изврши обиколка на населените места кои се на повисока надморска висина на подрачјето на општина Кичево. Оваа теренска активност се организира во соработка со Здраствен Дом Кичево,  ДЗС Кичево, Црвен крст Кичево и Општина Кичево.

До сега се посетени селата: Бачишта, Лешница, Грешница, Белица, Видрани, Прострање, Црско, Козичино и Патеец. Според планските активности на РЦУК Кичево оваа акција продолжува и во наредниот период. Целта на овие средби со месното население кое живее во текот на зимскиот период во овие населени места е заради утврдување на подготвеноста на населението за престојната зимска сезона, како што е навремено снабдување со прехранбени прозиводи, лекови, сточна храна за домашните животни и др. при појава на поинтензивни снежни врнежи. Во исто време додека се разговараше за нивните потреби се изврши и контрола на поставените радиостаници од општинската УКБ радио мрежа. Бидејќи поголемиот дел од жителите се повозрасни беа посебно воодушевени од извршените здраствени прегледи, проверка на шеќер во крвта, крвен притисок и дадените стручни совети од страна на лекарскиот тим. При посетата беше доделена и помош во вид на облека на некои лица од страна на Црвен крст Кичево.