На ден 23.11.2018 во просториите на ПО РЦУК Гевгелија се оддржа редовна седница на Регионалниот штаб при ПО РЦУК Гевгелија. На седницата со која раководеше Зоран Лазаровски, раководител на РШ при ПО РЦУК Гевгелија, присуствуваа претставници РЦУК Гевгелија, ТППЕ Гевгелија, Македонија пат Гевгелија, ЈПКД „Комуналец Полин“ Дојран и ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија.
По усвојување на записникот од претходната седница на РШ за управување со кризи при ПО РЦУК Гевгелија; потоа разгледувањето на информација за состојбата на прогласеното кризно подрачје, како и превземени активности на субјектите учесници во системот за управување со кризи со предлог мерки за претстојниот зимски период, денесени се следните заклучоци.
- Се задолжуваат сите субјекти учесници во СУК за навремено доставување на податоци за настани и појави за време на зимскиот период согласно (Уредбата на Влада на РМ за утврдување на оперативните постапки за меѓусебна комуникација,координација,соработка и постапување на субјектите во СУК) сл. Весник на РМ бр. 27/18.
- Се укажува на надлежните служби да се внимава на чистење на сливниците за вода покрај локалните и регионалните патишта, како не би дошло до излевање на водите во случај на поголеми врнежи од дожд и снег по самите патишта.
- Се укажува на ЕЛС посебно да се внимава на сите критични точки на нивните подрачја, согласно планот за заштита и спасување и законот за води, чистење на речните канали и отстранување на разни препреки од дрва и друг нанос.
- ТППЕ во корелација со општина Гевгелија да побараат организирање на обука за прва помош од страна на Црвен Крст за сите вработени во ТППЕ Гевгелија.
- Се укажува на субјектите во СУК од потребата на користење на бесплатниот телефонски број за итни повици 195.