Нa 22 ноември 2018 година, Регионалниот штаб за управување со кризи – Прилеп, одржа редовен работен координативен состанок со штабот и претставници на субјекти од системот за управување со кризи, надлежни за превземање мерки и активности за превенција и рано предупредување во случај на кризна состојба.
Состанокот го отвори и со него раководеше раководителот на РЦУК – Прилеп и на РШ Илко Петкоски, а по сите точки од дневниот ред имаше дискусии од присутните членови на штабот и претставници од субјектите на СУК .
- По првата точка од дневниот ред е констатирано дека ризици и опасности кои би можеле да настанатво наредниот се обилните дождови и снегови кои би можеле според својот интензитет во одреден период да предизвикаат и полавување на одредени критични места како и прекини во сообраќајот, наноси, одрони, екстремно ниски температури со сув студ, ветрови и други опасности .
- Припременост на субјектите :
- Преставникот на ЈП Македонија пат подружница Прилеп извести дека во случај на снежни врнежи одржувањето на Регионалните патишта во зона на одговорност на РЦУК Прилеп ќе биде отежнато и ненавремено поготово на патните правци : Прилеп – Тополчани магистрален пат; Прилеп Тополчани стар пат регионален; Прилеп – Ропотово – Црнилиште – Стровја; Прилеп – Ропотово -Лажани – Житоше – Кривогаштани – Бучин; Прилеп – Кривогаштани: Прилеп – Лагово – Обршани, Прилеп – Витолиште; Прилеп – Езеро, и Прилеп – Манастир Трескавец или вкупно 255 км.
- Општина Прилеп има донесено Програма за зимско одржување на локалните патишта , потпишан договор за реализација на истата и денеска се доставени до РЦУК Прилеп.
Припремени екипи од ЈП водовод и канализација Прилеп, и ТППЕ-ПРИЛЕП во случај на полавување.
- Општина Кривогаштани има програма во постапка е потпишување на договор со изведувач до тој момент работите ги врши ЈП Пелагонија.
Припремени екипа ТППЕ-Кривогаштани во случај на полавување и формирана уневерзална единица.
По подолготрајна дискусија од сите преставници на субјектите донесени се следните:
Заклучоци
- Со цел да има навремена координација,на ,Се укажува на ситеСубјектите од системот за управување со кризида постапуваат по Уредбата за видот на податоците и информациите и за начинот и постапката на нивно доставување до Центарот за управување со кризи (сл. Весник на РМ број 09/07) и Уредбата за утврдување на оперативнитепостапки за меѓусебна комуникација ,координација ,соработка и постапување на субјектите во системот за управување со кризи сл. Весник на РМ број 27/18 )
- Со цел да има навремено информирање на населението за сите ризици и опасности се укажува на сите граѓани и субјекти од системот за управување со кризи да го короистат бесплатниот телефонски број 195
- ЈП Македонија пат – секција Прилеп да ја достави програмата за зимско одржување на Регионалните патишта во зона на одговорност на ПО РЦУК Прилеп.
- Се предлага ЦУК – Скопје да иницира постапка во програмата за зимско одржување на ЈП Македонија пат за секција Прилеп да се предвидат соодветни МТС и ЧР спрема големината на територијата што треба да ја покрија , а не само да се копираат делови од програмата од преткодните години која не е соодветна на потребите.
- Се укажувана ЕЛС Прилеп , Долнени и Кривогаштани декасогласно членовите 124 и 126 Закон за води се должни да ги утврдат сите критични точки каде би можело да настани поплавување во случај на поголеми врнежи на дожд и нагло топење на снегот, а истовремено дека се должни да имаат планови за заштита од полави и истите треба да ги достават на одобрување до Центар за управување со кризи и Дирекција за заштита и спасување.
- Се укажува на ЕЛС Прилеп , Долнени и Кривогаштани преку надлежните инспектори да изврши контрола на евентуални диви депонии и други вештачки препреки кои бипредизвикале излевање на каналите и речните корита во населените места во случај на поројни дождови;
- Се укажува на МЗШВинспекторатотза земјоделие, , да донесeрешенија за отстранување на сите физички препреки во руралните делови од речните корита и канали; Да преземат активности за спречување на копање на насипите на речните корита и канали;
- Се препорачува на МЗШВ преку Јавното претпријатие за пасишта во соработка соЕЛС-Прилеп , Долнени и Кривогаштани и другите надлежни институции да достави писмени известувања до сите сточари да си обезбедат храна за подолг временски период во зимски услови , а посебно до оние кои чуваат стока надвор од населените места каде нема уредено патишта и се надвор од програмите за зимско одржување.
- Заради превентивно делување, се препорачува водостопанство Прилепско поле да изврши увид на на терен и да утврди критични точки во каналите и речните корита одредени во својот план за работа и да достават писмен извештај до ПО РЦУК Прилеп за состојбата на истите, а истовремено во нардниот период да ја прати состојбата со сите водотеци и акумулаци и редовно да дава известување до РЦУК – Прилеп,како и да изврши санација на срушени насипи на речните корита и канали;