Денес 08.11.2018 година се оствари средба на Продеканот за наука и развој на Факултетот за безбедност-Скопје доц. д-р Марјан Ѓуровски со Директорот на Центарот за управување со кризи на Република Македонија м-р Агрон Буџаку. Разговорот беше во функција на подготовка за  оддржување на заедничка научно-стручна дебата „Функционалната поставеност и ефикасност на системот за управување со кризи на Република Македонија„ и на усогласување на текстот на заедничкиот Меморандум за соработка меѓу Факултетот за безбедност-Скопје и Центарот за управување со кризи кој ќе го потпишат Деканот проф. д-р Никола Дујовски и Директорот м-р Агрон Буџаку.

Во престојната 2019 година Факултетот за безбедност-Скопје и Центарот за управување со кризи се планира да реализираат повеќе заеднички активности и на тој начин да ја интензивираат соработката.

На Факултетот за безбедност-Скопје студентите имаат можност во четврта година на студиската програма Безбедност да се определат за една од насоките Кризен менаџмент, а дипломираните студентите за свој избор на студирање на втор циклус на студии се нуди посебна студиска програма за управување со кризи.