На ден 22.10.2018 година во Хотел Сириус - Струмица, во организација на Центарот за управување со кризи, од страна на Групата за имплементација на проектот  беше извршено практична обука за користење на апликацијата /веб-базирната платформа „Следна генерација на систем за командување и управување  со инциденти“ (Next Generation Incident Command Sistem-NICS), со претставници од институциите во Југоисточниот плански регион на локално ниво, кои се директно вклучени за дејство при случени појави или настани.

Проектот беше претставен на сите претставници кои го сочинуваат системот за управување со кризи во Југоисточниот плански регион и тоа Регионалните центри за управување со кризи, Единиците на  локалната  самоуправа, Територијалните противпожарни единици, Дирекцијата за заштита и спасување, Итната медицинска помош, Црвениот  крст,  Секторот за внатрешни работи – Полициски станици, и др.

Во иднина се планирани и обуки за користење на апликацијата и имплементирање на истата на локално ниво.