Центарот за управување со кризи, со свои преставници учествуваше на 18-тата вежба „СРБИЈА 2018“ што се реализира на почетокот од месец октомври (08-12.10.2018) во Младеновац, Република Србија. Настанот беше организиран од страна на Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи („EADRCC“) и Министерството за внатрешни работи на Република Србија.

Со учеството на вежбата „СРБИЈА 2018“ уште еднаш се потврди извонредната соработка на Центарот за управување со кризи и Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи („EADRCC“) и континуираната поддршка која ја дава НАТО на Република Македонија.

Република Македонија, беше претставена со вкупно 36 лица, од кои две од Центарот за управување со кризи и едно лице од Министерството за внатрешни работи, како дел од персоналот за поддршка. Додека, Дирекцијата за заштита и спасување зеде учество со два тима (USAR тим и тим за спасување на вода) сочинети од вкупно 33 лица кои активно извршуваа теренски задачи за време на вежбата. Со учеството на вежбата се потврди одличната соработка и координација во подготвителниот период помеѓу Центарот за управување со кризи кој беше координатор на административно-организациските активности и Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата за заштита и спасување кои дадоа придонес за достојно претставување на Република Македонија на овој настан од светски размери.

Главното сценарио на вежбата беше справување со последици од земјотрес, пропратено со технолошки несреќи и поплави во областа на општина Младеновац.

На вежбата учество зедоа 2000 лицa од 40 држави.