На 15 и 16 октомври 2018 година, во хотелот Александар Палас во Скопје се одржува Втората регионална средба за соработка на земјите од регионот во намалувањето на ризици од катастрофи и изградба на урбана отпорност во соработка со Центарот за управување со кризи, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), и Центарот за развој на Југоисточниот регион.
На оваа средба учествуваат над 120 претставници од повеќе земји од Југоисточна Европа, претставници на УНДП од земјите од Југоисточна Европа, регионални организации за справување со кризи и кризен менаџмент и служби за цивилна заштита.
На Втората регионална средба за соработка на земјите од регионот во намалувањето на ризици од катастрофи и изградба на урбана отпорност ќе бидат споделени најдобрите искуства за намалување на ризицитете од катастрофи и добри примери на регионална соработка во изградбата на урбана отпорност.
Регионалната средба е дел од проектот South East Europe Urban Resilience Building Action Network (SEE URBAN) (повеќе на www.seeurban.eu).