Центарот за управување со кризи, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), и Центарот за развој на Југоисточниот регион Ве покануваат на Втората регионална средба за соработка на земјите од регионот во намалувањето на ризици од катастрофи и изградба на урбана отпорност што ќе се одржи на 15 и 16 октомври (понеделник и вторник) во хотелот Александар Палас во Скопје, со почеток во понеделник во 14 часот.
На оваа средба на која ќе учествуваат над 120 претставници од повеќе земји од Југоисточна Европа, претставници на УНДП од земјите од Југоисточна Европа, регионални организации за справување со кризи и кризен менаџмент и служби за цивилна заштита, ќе бидат споделени најдобрите искуства за намалување на ризицитете од катастрофи и добри примери на регионална соработка во изградбата на урбана отпорност.
Изјави за медиумите се предвидени пред отворањето на настанот во понеделник 15 октомври во 13:45 часот.
Регионалната средба е дел од проектот South East Europe Urban Resilience Building Action Network (SEE URBAN) (повеќе наwww.seeurban.eu)