На ден 05.10.2018 година во Хотел Сириус -Струмица во организација на Центарот за развој на Југоисточниот Плански регион се одржa четвртата работилница за градење на капацитетите на локално ниво во рамките на проектот „Градење на акциска мрежа за урбана отпорност во Југоисточна Европа“, кој ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) , финансиран од Програмата за цивилна заштита и хуманитарна помош (DG ЕCHО) во земјите од Југоисточна Европа.
Целта на овој состанок беше претставување на предлог Македонскиот модел за акциска мрежа на локално ниво и презентација на моделот за меѓуопштинска соработка на општините од Полошкиот регион а се дискутираше и за претстојната регионална конференција која ќе се оддржи на 15 и 16 октомври во Скопје.
На состанокот присуствуваа претсавници од УНДП, Центарот за развој на Југоисточен плански регион, градоначалниците од општините Струмица, Радовиш и Конче, претставници од десетте локални самоуправи во Југоисточниот регион, ЦУК , ДЗС и Црвен крст, како и останати заинтересирани кои работат на проблематиката за намалување на ризикот од несреќи и катастрофи.