На ден 20.09. 2018 година се спроведе тактичко показна вежба за евакуација на вработените во општинската зграда-Струмица, во случај на елементарна непогода земјотрес и извлекување на заглавени лица од сообраќајна незгода. Во вежбата учествуваа: Центарот за управување со кризи - РЦУК-Струмица, Дирекцијата за заштита и спасување - ПО Струмица, Црвен крст Струмица со свои доброволци, Територијалната противпожарна единица -Струмица, Итната медицинска помош и СВР Струмица.
Целта на вежбата беше да се направи проверка на вработените во општинската администрација, како и на пожарникарите кои се дел од силите за заштита и спасување на општина Струмица, да се подигне свеста кај граѓаните за сите можни катастрофи и кризи кои може да се случат и при тоа беше одбележан Светскиот ден на Првата помош.
Мотото на Црвениот Kрст е „Секој треба да знае да дава прва помош, а за тоа не ни треба лиценца. Сакаме да и порачаме на заедницата дека барем еден член од нашето семејство треба да биде обучен да знае да дава Прва помош.“
Вежбата заврши успешно, а пожарникарите за кратко успеаа да ги извлечат „повредените“ од автомобилот со користење на специјални алатки за отстранување на делови од возилото.