Денес (19.09/2018), во Домот на АРМ – Скопје, Директорот на ЦУК Агрон Буџаку, заменик министерот за одбрана, Беким Максути, заедно со командантот на Националната гарда на Вермонт, генералот Стивен Креј, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Генералштабот на АРМ, генерал мајор Зоран Милески, директорот на ДЗС, Аднан Џафероски како и останати високи претставници од државните институции и од НАТО канцеларијата за врски во Скопје ќе присуствуваат на вежбата „Сеопфатен одговор Водно 2018“.

По завршување на посетата заменик министерот за одбрана, Максути, директорот на ЦУК, Буџаку и командантот на Националната гарда на Вермонт, генералот Креј ќе дадат изјава за медиумите. 

Вежбата „Сеопфатен одговор - Водно 2018“ претставува национална командно-штабна вежба од областа на управувањето со кризи, која се реализира во периодот од 17-21.09.2018 година.

Оваа вежбовната активност е во организација на  Министерството за одбрана на Република Македонија во соработка со Инженерискиот корпус на Армијата на Соединетите Американски Држави (US Army Corpsof Engineers), а целта е подобрување и зголемување на националните капацитети и интер-институционалната соработка при справувањето од природни или од човек предизвикани катастрофи.