На 15.08.2018 година се одржа 40 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево. Покрај членовите на регионалниот штаб на седницата присуствуваа и претставници од ТППЕ Кичево и касарната Кичево.

Раководителот Сузана Тасевска истакна дека при пожарите  најважна е превенцијата.

Врз осонова на дискусиите се донесе заклучок да тим од регионалниот штаб изврши посета на населените места каде во минатото најчесто се јавувале пожари на отворен простор и да одржи состанок со месното население.