На 13 август 2018 година во просториите на РЦУК Ресен се одржа редовна седница на Регионалниот штаб - Ресен, за подготвеноста на субјектите на  системот за управување со кризи за превенција и справување со пожари во претстојниот период.

На  седницата  беа донесени следните  заклучочи:

1. Се задолжуваат сите субјекти учесници во системот за управување со кризи да обезедат меѓусебна подготвеност, соработка, комуникација, координација  при превенција, и при справувањето со шумски и други пожари на отворен простор, истите да постапуваат согласно утврдените стандардни оперативни процедури при локализирање на пожари во претстојниот летен период.

2. Активно вклучување на локалната самоуправа и останатите субјекти во СУК во планска и долгорочна стратегија за справување со пожар и последиците од таа појава.  Информирање од страна на ЕЛС – Општина Ресен до месните совети (заедници) за важноста од превенција и заштита од пожари,  и за последиците од пожари на отворен простор.

3. ЈП. „Преспадрво“ - Ресен, Н.П. „Галичица“ и Н.П. „Пелистер“ да постапуваат согласно нивните оперативни планови за дејствување при настанати пожари.

4. ОВР-Ресен  да ги следат состојбите на терен  за превентивно делување и откривање на евентуални подметнувачи на пожари. Вклучување на советодавна група на граѓани за пожари на реон с. Подмочани до Маркова Нога.

5. Да формираат потребен број на мобилни екипи за локализирање гаснење на шумски пожари и  земјоделски посеви.