Работна група од представници на Регионалниот штаб за управување со кризи на ПО РЦУК – Македонски Брод изврши посета на населените места кои беа зафатени со пожари минатата година, како и други населени места (Битово, Растеш, Требовље, Белица, Црешнево, Близанско, Грешница, Слатина, Локвица, Томоно село, Тополница, Манастирец, Бенче, Звечан и Самоков).

Целта на посетата беше укажување на месното население со опасностите од пожар и превземање на потребните превентивни мерки за заштита од шумски пожари и пожари на отворен простор.

При посетата на населените места работната група изрази посебна благодарност на месното население за нивното максимално ангажирање во локализирање на пожарите минатата година и за одличната соработка со ПО РЦУК Македонски Брод и останатите субјекти вклучени во СУК.