Центарот за управување со кризи учествува во ЕУ ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција 2014 – 2020 година (IPA Cross Border Cooperation)   2014 – 2020 во проектот “Интегриран оперативен центар за пружање хуманитарна помош“ (Integrated Operations Center for Providing Humanitarian Assistance – HELP).

Покрај Центарот, во проектот учествуваат и други  корисници:

- Технолошки образовен институт на Централна Македонија (TEICM) - Отсек за машинство инженерство, Р. Грција (главен носител на проектот).

- Министерство за внатрешни работи и административни реформи, Р. Грција.

- Центар за развој на Југоисточниот плански регион – Струмица, Р. Македонија.

- Грчки спасувачки тим (HRT), Р. Грција.

Цели:

Проектот HELP има за цел да го зголеми капацитетот и подготвеноста на хуманитарната помош во прекуграничната област заради ефективна и ефикасна превенција, ублажување и управување со ризици од катастрофи.

Согласно проектните активности, главни цели на проектот се:
-Подобрување на оперативното знаење на персоналот кој учествува во активностите за управување со кризи.
- Подобрување на нивото на компатибилност и соработка во двете земји за време на кризниот настан.
- Активно учество на општествените чинители во активностите за управување со кризи со цел да се максимизираат нивоата на нивната свесност и реакција

Клучни резултати:


- Дизајн и имплементација на мобилна инфраструктура за управување со кризи
- Команден центар | Мобилен контејнер C4I
- Прва помош
- План за управување со кризи
- Развој на протоколи и заеднички акциони планови за прекугранична соработка помеѓу - Грција – Република Македонија за кризни настани
- Прекугранична мрежа за соработка.

Согласно проектните активности беше одржан иницијален состанок со Серес, Република Грција на 29.05.2018 година на кој присуствуваа сите партнери во проектот, вклучувајќи ги и претставниците на проектната единица од Центарот за управување со кризи. На состанокот беа презентирани проектните аспекти и акциониот план, протоколите за идна соработка помеѓу корисниците и проектниот менаџмент.