На Воената академија во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, денеска беше отворена Меѓународна летна школа „Управување во услови на мигрантски кризи" која ќе трае до 24 јуни.  Организатор е Филозофскиот факултет од Скопје, заедно со Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево и Велеучилиште од Велика Горица.  Покрај деканите на факултетите кои го организираат настанот, на отворањето се обратија и вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, директорот на Центарот за управување со кризи,  Агрон Буџаку и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,  Аднан Џафероски.
Во текот на првиот модул, директорот на ЦУК, м-р Агрон Буџаку пред учесниците на школата имаше предавање на тема „Социо - економско и културолошко влијание на глобализацијата на миграциите".