На 4 и 5 Јуни во Хотел „Сириус“ се одржа работна средба со членови од повеќе релевантни институции и која претставува еден вид на подготовка за формирање на Совет за управување со сливот на река Струмица во рамките на Проектот - Управување со сливот на река Струмица, Овој проект се спроведува од 2014 година па наваму преку Центарот за развој на југоисточниот плански регион со финансиска и техничка поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, како и партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините низ кој минува сливот на реката Струмица (Конче, Радовиш, Струмица, Ново Село, Василево и Босилово).
Главната цел на овој проект е долгорочно да го подобри управувањето со водите во рамките на овој исклучителено ранлив еко систем -сливот на река Струмица, кој ја опфаќа територијата на шесте општини и кои преку спроведување на серија мерки на ниво на сливно подрачје да се подобри квалитетот на водите во сливното подрачје, но и да се минимизираат оние ризици по населението, економските добра од поплавите, сушите и другите штетни ефекти поврзани со водните ресурси.
На оваа работилница и претходеа низа работилници во кои беа идентификувани главните предизвици на управувањето со водите, целите и очекуваните резултати од проектот, новините во управувањето со водите кај нас, како и современите техники за стратегиско планирање во областа на водите.
Во рамките на овој проект во изминатиот период направени се сеопфатни истражувања, анализи, модели и Планови кои беа презентирани по следните теми:
- Преглед на постојната, националното и европското законодавство што го регулира управувањето со речните сливови и улогата на Советите;
- Презентација и дискусија по однос на нацрт Планот за управување со сливот на реката Струмица;
-Презентација и дискусија по односна нацрт Планот за управување со ризик од поплави.
- Презентација на моделите за управување со поголемите акумулации во рамките на сливот на река Струмица (Турија и Водоча) заради одбрана од поплави и други намени;
- Резултатите од мониторингот на водите во сливот на река Струмица (хидрологија и квалитет)
- Преглед на клучните активности и досегашни резултати на Проектот за управување со сливот на река Струмица.