Во рамките на техничка соработка која се остварува помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Јапонија, Центарот за управување со кризи и Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), се започна со имплементација на “Проект за градење на капацитети за Екосистемски-базирано Намалување на Ризици од Катастрофи (Еко-НРК) преку одржливо управување со шумите во Република Македонија”.
Целта на овој проект е преку употреба на повеќекорсничката вредност на шумите, односно зајакнување на нивната заштитна функција, на долгорочна основа, во општина Радовиш да се намалат ризиците од поројни поплави, лизгање на земјиштето, ерозија на почвата и шумските пожари. Како главен спроведувач/имплементатор на проектот од страна на Владата на Р. Македонија ќе биде Центарот за управување со кризи, во партнерство со ЈП “Македонски шуми”.
За таа цел на ден 15.05.2018година во општина Радовиш се одржа работилница на која беше претставен самиот Проект и присуствуваа претставници од повеќе институции од општината како: Регионален центар за управување со кризи - Радовиш, ЈП „Македонски шуми” ПШС „Плачковица“ Радовиш, ПЕ „Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство“ Радовиш, МВР ПС-ОН Радовиш, Општина Радовиш, ПЕ „Агенција за катастар на недвижности“ Радовиш, ЈП „Плаваја“ Радовиш и Експерти од ЈИЦА (вклучени на проектот).