По обилните врнежи од дожд во Скопје и околината во попладневните часови на 06.05.2015 година, во опш.Гази Баба има оштетувања на селските патишта кон Страчинци, Црешево, Виниче и дел од Стајковци каде што екипи на комуналните служби од општината вршат санирање.

Од АД Водостопанство на РМ – Скопје, во врска со врнежите од дожд, на ден 06.05.2018 година направи увид на водостоите на речните корита и каналската мрежа за одводнување на територија на градот Скопје и надвор од урбан дел на град Скопје во општините Илинден, Петровец и Зелениково.  

                - Во опш.Гази Баба - населено место Стајковци и Синѓелиќ имало помали излевања кои не направиле поголеми штети со исклучок на помали излевања од ободниот канал за одводнување на места каде што локалното население има изработено премини за кои нема согласност од АД Водостопанство на Република Македонија во државна сопственост Скопје.

                - Од раните утрински часови на 07.05.2018 година, механизацијата на АД Водостопанство на Република Македонија во државна сопственост Скопје отпочнале со чистење на ободниот канал што довело до намалување на водостојот.

                - Пумпната станица во Таор работи со полн капацитет.

                - Каналската мрежа за одводнување на територијата на општините  Илинден, Петровец и Зелениково е полупразна и не постои опасност од преоптоварување.