Во рамките на програмските опрeделби и по иницијатива на раководителите на   Регионалниот центар за управување со кризи Струмица и ЈП Македонски Шуми Подружница ШС „Беласица“ Струмица  денес  27. 04. 2018 година во просториите на  Подружница ШС„Беласица“ Струмица се одржа  координативен состанок  во врска со превенција,  комуникација, координација и подготвеност на субјектите  во системот за управување со кризи за превенција и  гасење на шумските  пожари во претстојниот период.

На состанокот  покрај претставници од Подружница ШС„Беласица“ и Регионалниот центар за управување со кризи Струмица,  присуствуваа и претставници од Единиците на локалната самоуправа и Јавните комунални претпријатија од (Струмица,Василево,Босилово, Ново Село , Дирекцијата за заштита и спасување,  Територијалната професинална противпожарна единица, Министерството за внатрешни работи -СВР Струмица, Шумска полиција – Струмица, државен инспекторат за шумарство и ловство, Гранична полиција -Ново Село  и претставници од ловните друштва.

По завршување на состанокот беа донесени следниве заклучоци:

1. Организирање на заеднички обуки за гасење на пожар во ТППЕ-Струмица за вработените во ПШС Беласица-Струмица,тимови за припомош-просторни сили од општините Струмица, Босилово, Василево,Ново Село,ловочувари од ловните друштва.

2.Подобрување на комуникацијата, координацијата и соработката помеѓу субјектите кои се надлежни за справување со шумски пожари на отворен простор.

3. Претседателот на здружението на сопственици на приватни шуми да изготви и достави список со телефонски броеви на лица сопственици на приватни шуми заради координација при појава на шумски пожар во приватна шума.

4. ЈП за стопанисување со пасишта да ги извести лицата концесионери на пасишта во Струмичкиот регион дека е забрането палење на пасиштата заради правење обработливи површини.