Од АД ЕЛЕМ Скопје, подружница ХЕС „Црн Дрим“ – Струга известуваат за зголемен прелив на брана Глобочица.

Согласно временската прогноза за 31.03-01.04.2018 година каде се очекуваат врнежи на дожд во количиуна од 20 л/м2, особено интензивни во раните утрински часови на 01.04.2018 година. Истите ќе бидат проследени со силен јужен ветар со брзина од 80 км/ч.

Ова ќе предизвика нагло зголемување на дотекот на вода во сливното подрачје на реката Црн Дрим, особено на профилот на браната „Глобочица“, каде во услови на истек од Охридското Езеро од 52 м3/сек и истек низ ХЕЦ „Глобочица“ од 52 м3/сек се очекува прелив на вода низ преливната шахта од 150-200 м3/сек.

Прелиената количина на вода ќе предизвика зголемување на нивото на р.Црн Дрим низводно од браната Глобочица.

Најголемите протеци на вода добиени спрема анализите правени согласно со метеоролошката прогноза од 30.03.2018 година се очекува да биде околу 06:00 часот изутрина на 01.04.2018 година, а ќе трае до попладневните часови, истиот ден кога се очекува стабилизрање на истеците на вода.

Одржана е седница на Регионалниот штаб за управување со кризи – Охрид, на која се донесени заклучоци за превземање на соодветни мерки за превенирање на актуелната состојба.

Се превземаат мерки во делот од патот низводно од брана „Глобочица“, село Долно Луково, крајбрежните објекти во Струга и Охрид и другите населени места долж Охридското Езеро, за заштита од зголемените количини на вода и влијанието на ветрот.