Од 26.03 до 29.03.2018 година, во просториите на Домот на Арм се одржа работилница на тема „Геопросторни подготовки за одговор при катастрофи“. Настанот се одвиваше во организација и соработка со Министерството за одбрана и Инжинерискиот корпус на Армијата на Соединетите Американски Држави (US Army Corps of Engineers) и е поврзан со програмат на ЦМЕП - функционални и планирачки работилници кои ќе кулминираат со реализација на националната ТТХ вежба од областа на управувањето со кризи, предвидена за септември 2018 година.

                Целта на овој настан е да се прикаже и да се спроведе (основна и напредна) обука за значењето, како користењето на овие алатки може да ја олесни интерагенциската и цивилно – воената размена на информации, интероперабилноста и да овозможи поддршка на одлуките на локациите во операциите за планирање и одговор при катастрофи. Работата се одвиваше во пленарни заседанија и работа во групи.