Од ЕЛС Боговиње е добиена информација дека во село Пирок е дојдено до ерозија и напукнување на земјиште во близина на училиштето во Пирок, а исто така од подземни води поплавени се подрумски простории на 5 куќи. Од страна на општината ангажиран е трактор со цистерна за исцрпуванње на водата од поплавените подруми. Во врска со напукнувањето на земјиштето, од страна на општината свикан е состанок на Штабот за кризни состојби.
Од ЕЛС Јегуновце известуваат дека реката Вардар е на максимално ниво и се има излеано на локалниот пат кој ги поврзува селата Сирижино и Туденце.
Од ЕЛС Тетово известуваат дека во текот на денот интервенирале во Мала Речица и дека состојбата е нормализирана, а се очекува и да биде расчистен одронот кај месноста Баниче. Водостоите на реките и каналите во општината се на високо ниво, а регистрирано е излевање на каналот кој минува низ селото Џепчиште, во долниот дел на селото кон с. Требош.