По повод  одбележувањето на  12 години од формирањето на Центарот за управување со кризи во просториите на Регионалниот центар за управување со кризи – Кичево се реализира уште една успешна aкција за дарување на крв. Акцијата  се спроведе во организација на ПО РЦУК Кичево  во соработка со ОО Црвен Крст – Кичево и Институтот за трансфузиона медицина Кичево и беше отворена за сите граѓани кои сакаат да помогнат да се спаси нечиј човечки живот.

Во акцијата за доброволно дарување покрај вработени од  РЦУК Кичево, се вклучија  и голем број солидарни граѓани.