Пожарот кој вчера избувна под превојот „Плетвар“, во близина на ресторантот „ЧЕ“ и бензиската пумпа „ЧЕ“ е сè уште активен од двете страни од патот Прилеп – Градско. Гори трева и нискостеблеста мешана шума. На терен има екипи од ТППЕ – Прилеп, работници од ЈП Македонски Шуми – Прилеп и од ДЗС Прилеп.