Во рамките на билатералната соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија, на 13.09.2017 година во Центарот за управување со кризи се реализираше работна средба со генерал-мајор Стивен Креј, аѓутант-генерал на Националната гарда на Вермонт, како и со други претставници на сродни институции од Вермонт.
На средбата се разгледуваа можностите за идна соработка во областа на справување со кризи помеѓу Центарот за управување со кризи и Националната гарда на Вермонт.
Во духот на цврстите и позитивни релации воспоставени помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, Програмата за Партнерство помеѓу Македонија и државата Вермонт е една од најзначајните форми за негување на билатералните контакти и зајакнување на меѓусебната соработка.
Од отпочнување на соработката со сега, фокусот беше насочен кон зајакнување на административно/институционалните капацитите на ЦУК, преку организаирање работни средби, работилници, обуки, научни конференции и други форми на соработка, со што се овозможи успешен трансфер на експертски знаења, искуства и научени лекции како и нивно инкорпорирање во работата на ЦУК. Главна цел на состанокот беше размена на искуства и можности за продлабочување на идната соработка, како и претставување на и тековните и стратешки активности на ЦУК.