Пожарот во атарот на село Драмче денес во 10.00 часот е ставен под контрола. Опожарена е површина со борова и дабова шума и сува трева. Од пожарот се зафатени  и 5  електрични столбови (бандери) и во моментов без напојување со електрична енергија се Стамболиска маала во селото Драмче и  Лесовска и Догазанска маала во селото Селник.  На пожарот интервенираше и хеликоптер на АРМ со три прелети, а во овој момент ангажираните екипи се сеуште на терен кои вршат континуирана обиколка на теренот за да не дојде до повторно разгоруванје на пожарот.

Во гасењето на пожарот учествуваат Територијалните противпожарни екипи од Делчево, Берово, Кочани и Македонска Каменица, вработени од Шумско Стопанство Голак - Делчево, ЈПКД Брегалница - Делчево, Регионалниот центар за Гранични работи - Исток, РЦУК Делчево, доброволци од градот Делчево и жители од месното население.