Пожарот што избувна денес во 12.40 часот во атарот на с.Драмче во Стамболиска маала е сеуште активен и се шири со голема брзина и веќе ги има зафатено и атарите на селата Селник и Киселица, а се движи во правец на село Вратиславца и кон границата со Република Бугарија. Гори борова шума и сува трева. 
Во гаснењето на пожарот учествуваат ТППЕ од Делчево, ТППЕ – Берово, работници на ШС Голак - Делчево, вработени од ЈПКД Брегалница - Делчево, вработени од општинските основни училишта, а теренски возила дефендер од Регионалниот центар за Гранични работи - Исток, вршат транспорт на ангажираните сили. Ангажиранa е и градежна машина булдужер од ЈП МШ Шумско Стопанство - Голак и трактори.
Во гасењето на пожарот ангажирани се и полициски службеници од ПС – Делчево, доброволци од градот Делчево и жители од месното население. Во гаснењето исто така интервенираа и два авиона од ДЗС. 
За утрешниот ден доколку има потреба се планира дополнително ангажирање на еден хеликоптер од АРМ за гаснење на пожарот.