Пожарите во подрачјето на општина Македонским Брод во атарот на селата: Волче, Заград, Растеш, Здуње, Близанско и Грешница, се целосно изгаснати.

Пожарот кај Јасеновска глава од страна на с.Попадија е локализиран. Денес на терен се  4 лица од ШС Бабуна за контрола на теренот.

Пожарот кај Богомилскиот тунел во текот на вчерашниот ден е ставен под контрола. Денес се врши контрола на опожарената површина од страна на 5 лица вработени во ШС Бабуна.

                Пожарот во општина Кичево, на м.в.Фрлогоец (Женска планина) на Бистра планина е активен на мала површина. Гори пасиште (сува трева и смрека) и ниско стеблеста деградирана дабова шума. Утрово во гаснењето на пожарот интервенираат 5 лица од ШС Лопушник од Кичево.   

Пожарот во близина на населените места Мажучиште, Мраморани и Горно Село, прилепско е ставен под контрола.

Во струшкиот регион, на м.в. Тоски, помеѓу селата Богојци и Татеши избувнат е шумски пожар со кој е зафатена дабова и нискостеблеста шума. На негово гаснење интервенираат пожарникари од ТППЕ Струга и лица од ШС Јабланица.

Во текот на денешниот ден, лица од ЦУК, ДЗС, МЗШВ и ЈП Македонски Шуми вршат извидување, набљудување и процена на состојбата со пожарите, од воздух со хеликоптер.

Забраната за движење во шумите продолжува, а сеуште има и засилени контроли од страна на МВР во соработка со Шумска полиција.

Авионите за гаснење пожар на ДЗС се подготвени доколку се процени дека има потреба да интервенираат и се побара таков ангажман од ЕЛС.