Информација за пожарите во Македонија и состојбa до 11:00 ч.

 

По врнежите кои од утрово ја зафатија територијата на земјата, најголем дел од пожарите кои беа активни се изгаснати, освен следните:        

Пожарот во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село, е под контрола. Гори сува трева. На терен има екипа од ТППЕ Прилеп (Далеку е од манастирот Трескавец и нема опасност по него).

Пожарот во близина на селата Крушевица и Бонче е под контрола. Екипите од утрово се на терен за проверка и целосно локализирање на пожарот.

Пожарот кај с.Никодин е ставен под контрола. Во правец на с.Фариш ангажирани се вработени од ШС „Црн Бор“ – Прилеп.

Шумскиот пожар во атарот на с.Норово е под контрола.  Гори сува трева и ниско дабова шума. Екипите се на терен, а во зависнот од процените, постои можност за ангажирање на подршка од воздух со авионите на ДЗС. Од утрово на терен се екипите на ТППЕ Крушево, ШС „Липа“, ЕЛС и ЈП Комуна и месно население.

Пожарот на м.в.Фрлогоец (Женска планина) на Бистра Планина е под контрола. Гори пасиште (сува трева и смрека) и ниско стеблеста деградирана дабова шума.