Југозападен плански регион
Во општина Македонски Брод, активен е пожарот во с.Грешница, а во негово гасење учествувале лица од ШС „Сандански“ – Македонски Брод.
Пожарот во с.Растеш е активен и на него дејствувал 1 хелихоптер. Исто така имало и лица од ЕЛС Македонски Брод, како илица од месното население.
Пожарот во атарот на с.Волче е активен, но таму нема сили на теренот.
Пожарот во с.Брест е под контрола, и на истиот интервенирале 6 лица од ШС „Сандански“ – Македонски Брод.
Во општина Кичево, пожарот на м.в.Фрлогоец (Женска планина) на Бистра Планина е активен. Гори пасиште (сува трева и смрека) и нискостеблести дрва. Опожарената површина е високо на планината и е тешко пристапна за интервенции од страна на екипите на ШС Лопушник. Утрово на терен се лица од ШС Лопушник, но останува барањето за употреба на авионите за гасење на пожарот.
Повардарски плански регион
Пожарот во општина Чашка, кај м.в. Јасеновска глава е активен. Гори нискостеблеста шума и сува трева. За гасење на пожарот ангажирани се лица вработени во ШС Бабуна.
Пожарот на подрачјето на с.Галиште, општина Кавадарци сеуште е активен. Интервенираат ШС „Бор“ – Кавадарци и ловочувари. Пожарот се шири под с.Галиште од правец на м.в.Србиново. Еден крак се движи кон Црна Река, а другиот крак се движи кон с.Ѓуѓаково.
Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, појавен е нов пожар на отворен простор на Мушов Гроб, с.Мрежичко, м.в.Осој, општина Кавадарци. Во гаснењето на пожарот интервенираа вработени на АД „Кожувчанка“ и екипа од ТППЕ Кавадарци.
Пелагониски плански регион
Во општина Прилеп, пожарот во с.Никодин се уште е активен и настанато е спојување со пожарот од Велес. Во вечерните часови дува засилен ветер кој го разгорува пожарот и го проширува. На терен интервенираат работници од ШС „Црн Бор“ – Прилеп.
Пожарот кај м.в.Писокал – Слива, кај манастирот „Св.Илија“ во близина на с.Бонче сеуште е активен. Во текот на вчерашниот ден денот во три наврати интервенирано е со два авиона од ДЗС и работници. Поради непристапниот терен, засилениот ветар и високата температура, повторно е разгорен према с.Крушевица и во планинскиот предел м.в.Висока.
Пожарот кој започна кај Новите градски гробишта во близина на Манастирот Трескавец, е активен во близина на селата Горно Село и Мраморани (општина Долнени) како и с.Мажучиште, општина Прилеп. Во текот на вчерашниот ден во неколку наврати истиот се обновувал и во близина на Манастирот Трескавец, каде постојано дежура цистерна од ТППЕ Прилеп и една група од ангажираните пожарникари и работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.
Во текот на вчерашниот ден на пожар во с.Стровија, општина Долнени, со кој е запалено стрниште и сува трева, интервенирале месно населени од с.Стровија, вработени ШС „Црн Бор“ – Прилеп, како и ТППЕ Прилеп. Пожарот е ставен под контрола околу 19:30 часот.
Тетовско-полошки плански регион
Пожарот над с.Копанце, општина Јегуновце е активен, но на доста мала површина. Гори сува трева и ситна деградирана шума. За разлика од претходните денови, моментално пожарот е со многу намален интензитет и засега нема опасност од проширување.
Пожарот во с.Гургурница, општина Брвеница е активен. Според известувањето од одговорното лице од ЕЛС Брвеница, зафатена е сува трева, пасишта и ситна шума. ЕЛС Брвеница имаат упатено барање до ДЗС за интервенција од воздух.
Северен (скопски) плански регион
Од ШС „Караџица“ известиле дека во вечерните часови сите три пожари, кај с.Никиштани, општина Ѓорче Петров, кај с.Градманци, општина Петровец и над с.Црн Врв, општина Студеничани, се локализирани.