Југозападен плански регион.

Во текот на вчерашниот ден, пожарот во општина Кичево, на м.в.Фрлогоец (Женска планина) на Бистра планина е активен и пополека се шири кон дабовата шума. Пожарот е надгледуван од екипите на ШС „Лопушник“ – Кичево, ЕЛС Кичево, ДЗС Кичево и РЦУК Кичево. Поради тоа што теренот е доста стрмен и непристапен побарано е употреба на авиони.

Во текот на вчерашниот ден појавен е пожар во близина село Гари, општина Дебар, каде гори дабова шума. Во гасењето на пожарот учествуваа екипи на ТППЕ Дебар и 5 пожарникари и вработени од ШС-Стогово.

Во општина Македонски Брод, во атарот на с.Заград,  поради силен ветер пожарот  со кој е зафатена сува трева, даб и смрека се проширил према населеното место на с.Растеш како и према селото Заград. Интервенираа екипи од ШС Македонски Брод и лица од с.Растеш.

На атарот на с.Волче, во подножјето на планината СУВА ГОРА кај м.в.МРАМОР и испод м.в.ЧЕЛАДАР гори висока сува трева со можност да се зафати дабовата шума.

Пожарот на атар на с.Грешница е сеуште активен и гори ниско стеблеста деградирана шума која претходно беше опожарена. Интервенираа екипи од ШС Македонски Брод иТППЕ Македонски Брод.

На атарот на с.Брест, повторно се активирал пожарот од атарот на с.Близанско, м.в.КРУША и на поедини места пожарот е со тенденција за негово проширување, а гори дабова и букова шума. Интервенираат лица од ШС Македонски Брод.

Во попладневните часови на пожарите кај селата Брест, Растеш, Заград, Волче имаше интервенција од 1 авион.

 

Повардарски плански регион

Пожарот во општина Чашка, кај м.в.Јасеновска глава е активен и со истиот зафатена е нискостеблеста шума и сува трева. Во текот на вчерашниот ден интервенираа лица од ШС Велес и хеликоптер на АРМ. Вработените од ШС-Велес и денес ќе продолжат со гаснење.

Во општина Кавадарци, пожарот на подрачјето на с.Галиште, со кој е зафатена сува трева и смрека, е активен и се шири во правец на с.Ѓуѓаково и кон Црна Река. Во текот на вчерашниот ден интервенира екипа од лица на ШС „Бор“ – Кавадарци и хеликоптер.

 

Пелагониски плански регион

Од ШС „Црн Бор“ – Прилеп, известуваа дека пожарот во с.Никодин (прилепско) се уште е активен. Во текот на вчерашниот ден извршени се повеќе налети од воздух од хеликоптери, а интервенираа и вработени од ШС „Црн Бор“ – Прилеп.

Пожарот во близина на с.Бонче, м.в.Слива – Писокал, кај манастирот „Св.Илија“ сеуште е активен и на истиот интервенираа вработени од ШС „Црн Бор“ – Прилеп.

Во попладневните часови појавен е нов пожар кај новите градски гробишта во Прилеп, со кој покрај сува трева зафатена е и борова шума (борови насади. Интервенираа екипи на ТППЕ Прилеп, кои добиле помош во цистерни со вода: од ТППЕ-Битола, 1 од ЈП-Комуналец-Прилеп и 2   од ТППЕ-Прилеп. На терен има повеќе жители од месно население од с.Мажучиште како и сопствениците на околните викенд куќи од Прилеп.

 

Северен (скопски) плански регион

Пожарот кај населеното место Градманци, м.в. „Оријак“ е ставен под контрола. Во текот на вчерашниот ден се проширил во селата Чифлик и Долно Коњаре. На истиот предпладнето реагирале два авиони од Израел. Од земја интервенирале сили на ДЗС и БППЗ на Град Скопје. Пожарот кај село Никиштани - с. Грачани (опш. Ѓорче Петров) е активен и под контрола. Пожарот кој е на непристапен предел се спушта кон реката Лепенец, од каде нема каде да се шири. Горела нискостеблеста деградирана шума и сува трева. на терен интервенирале лица од ШС Караџица. Во текот на ночта и утрово се продолжи со интервенцијата, а побарано е да се дејствува и од воздух.

 

Тетовско-полошки плански регион

Во текот на вчерашниот ден повторно е активиран пожарот во атарот на с.Гургурница со кој е зафатена сува трева и пасишта, но немало опасност од проширување и зафаќање на шумата.

Пожарот над с.Копанце (опш.Јегуновце) е активен и со истиот гори сува трева и грмушки во дол на карпест и тешко пристапен терен. На терен бил екипа од ШС „Лешница“ – Тетово кои го надгледувала пожарот со цел истиот да не се прошири кон населеното место.