Југозападен плански регион

На подрачјето на општина Македонски Брод активни се следните пожари:         

                Во атар на с.Брест м.в ФОЈНИК, гори сува трева, смрека, дабова шума и лисна постилка.

                Во атар на с.Могилец, каде гори сува трева, смрека, дабова шума и лисна постилка.

                Во атар на с.Калуѓерец, гори сува трева, смрека,дабова шума и лисна постилка. Пожарот се шири према атар на с.Модриште каде гори сува трева и ниско стеблеста шума но нема опасност од префрлање на пожарот према населеното место Модриште поради природната препрека од реката Треска.

                Во атар на с.Локвица м.в ВИДУШ гори сува трева и на поедини места смрека и истиот е под контрола.

                Во атар на с. Волче м.в ЌАФА  по течението на река ВОЛЧИЦА и во подножјето на м.в ЧЕЛАДАР во правец на с.Волче гори дабова шума, сува трева ,лисна постилка и смрека и пожарот постепено се шири кон м.в СУВА ГОРА и према населеното место Волче.

                Во овие места ангажирани се следните сили и средства: АРМ (за пожар за атар на с.Брес кои се лоцирани на атар на с.Требовље); ЈП Македонски Шуми Мак.Брод , ЈП  Македонски Шуми од Кавадарци и ТППЕ – М.Брод (се ангажирани за атар на селата Могилец и Калуѓерец); ЕЛС – М.Брод  и лица од месно население за атар на с.Волче.

 

Повардарски плански регион

Пожарот во реонот на Горна Јакупица сеуште е активен.

Пожарот во близина на с.Дреново, денес се повтори на некои места, но  е ставен под контрола.

Пожарoт  на отворен простор на подрачјето на  с.Галиште Општина Кавадарци сеуште е активен.

 

Пелагонски плански регион

Пожарот во атарот на селото Дрен е активен и гори нискостеблеста дабова шума.

 

Тетовско-полошки плански регион

 

Пожарот над селото Туденце се проширил накај село Сириќино каде што гори мешана шума.

Пожарот во Фазенерија е локализиран.

Пожарите во моментот се сеуште активни и се приближуваат кон село Гургурница каде што е зафатена и помала  шума.

 

Источен плански регион

 

Пожарот во атарот на с.Владимирово на м.в. Кочански пат е локализиран.

Пожарот на планината Плачковица во близина на село Шипковица-полска болница сеуште е активен, зафатено е високостеблеста мешана шума од бор, даб и бука. Екипите активно работат во санирање на состојбата.

 

Североисточен плански регион

Пожарот  во  општината  Старо  Нагоричане  -место  с.Руѓинце сеуште е  активен,  каде гори  сува треваи  нискостеблести  растенија.