Информација за пожарите во Р. Македонија и состојбa до 16:30 ч.
Југозападен плански регион
На подрачјето на општината Македонски Брод активни се следните пожари:
- Во атарот на с.Брест м.в ФОЈНИК,гори сува трева, смрека,дабова шума и лисна постилка и пожарот е под контрола,
- Во атарот на с.Могилец, гори сува трева, смрека, дабова шума и лисна постилка и пожарот е под контрола но може да биде пренесен од пожарот од атар на с. Калуѓерец;
- Во атарот на с.Калуѓерец, гори сува трева, смрека,дабова шума и лисна постилка и постои опасност од загрозување на селото, пожарот се шири према атар на с.Модриште каде гори сува трева и ниско стеблеста шума, но нема опасност од префрлање на пожарот према населеното место Модриште поради природната препрека од реката Треска.
- Во атарот на с.Локвица м.в ВИДУШ гори сува трева и на поедини места смрека.
- Во атарот на с. Волче м.в ЌАФА, по потечението на река ВОЛЧИЦА, и во подножјето на м.в ЧЕЛАДАР во правец на с.Волче, гори дабова шума, сува трева ,лисна постилка и смрека и пожарот постепено се шири од м.в СУВА ГОРА према населено место Волче.
Во гаснењето на пожарите во моментот ангажирани се следните сили и средства: АРМ (за пожар за атар на с.Брес кои се лоцирани на атар на с.Требовље); ЈП Македонски Шуми Мак.Брод; ТППЕ Мак.Брод и ЈП Македонски Шуми од Кавадарци (се ангажирани за атар на селата Могилец и Калуѓерец); ЈП Македонски Шуми Мак.Брод за атар на с.Локвица и месно население за атар на с.Волче.
Во моментов пожарите се под контрола но поради високите температури во текот на денешниот ден не се исклучува можноста од нивно проширување.
Повардарски плански регион
Пожарот во атарот на с. Дреново, во месноста Дреновска Корија, општина Чашка сеуште е активен во шумскиот дел. Зафатена е дабова шума, јасен и бука. За гасење на пожарот ангажирани се ШС Бабуна, ДЗС и 2 хеликоптери на АРМ. Со дејствувањето од воздух успешно е изгасен пожарот во карпестиот предел. На теренот се изработени пресеки за спречување на понатамошно ширење на пожарот.
Пожарот во атарот на с. Богомила-месност Бела Вода, општина Чашка е ставен под контрола. Се гледаат поедини задимувања од заостанати трупци внатре во жариштето.
Пожарот на падините на Горна Јакупица е активен, теренот е непристапен за гасење. Северозападно од с. Горно Јаболчиште во месноста Диков Гроб на патот кон Горно Бегово, околу 14,42 часот појавен е нов пожар. Опожарена е површина со низок бор (кривул).
Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, во атарот на с. Человец, општина Демир Капија појавен е пожар на тешко пристапен терен со кој е зафатена нискостеблеста шума и прнар. Денес за гасење на пожарот ангажирани се пожарникари и вработени во ШС Демир Капија. Според последните информации во 16,00 часот пожарот е ставен под контрола. Екипите се на терен ја контролираат опожарената површина.
На тромеѓето помеѓу селата Гудјаково-Дрен и Галиште во месноста Галишки Осој, општна Кавадарци преминат е пожарот од с. Дрен, општина Прилеп. Пожарот се шири од четири места и може да навлезе во старо сечиште. Ангажирани се екипи на ДЗС од Прилеп, ТППЕ Прилеп, лица од ловиште Кавадарци и вработени во ШС Бор од Кавадарци.
Северен (скопски) плански регион
Пожарот кај браната Матка се уште чади, односно се гледа пламен и тоа на непристапен терен- срт (карпест дел) кој се наоѓа блиску до браната, но дека истиот нема можност за ширење и моментално е мирно.
Пожарот во атерот на село Градовци сеуште е активен, гори мешана шума. На терен интервенираат екипи на БППЗ и ДЗС.
Појавени се 2 пожари на патот за селото св.Петка каде е зафатена густа шума, на непристапен терен.
Пожар има во пределот од село Никиштани према село Грачани од десна страна на патот, на непристапен терен
Појавен е пожар во пределот на м.в. Дуња одалечено на 30-40км од последното село Алдинци. На неприспен терене.
Попладнето повторно се запалил пожар во Долно Количани. За гасење на истиот испратени се екипи на БППЗ на град Скопје.
Моменталната состојба со останатите пожари кои беа активни вчера на територијата на Градот Скопје се локализирани. Луѓето кои се на терен будно ја следат состојбата.
Пелагонски плански регион
Пожарот во атарот на с.Подвис, каде горела нискостеблеста деградирана шума е локализиран.
Пожарот во атарот на селата Дрен, Смолани и Радобил, општина Прилеп е активен. Гори нискостеблеста дабова шума, чалија, смрека и др. Пожарот се шири во еден правец кон Дрен, и во друг кон Гуѓаково, и кон Галиште (Кавадаречко). На терен интервенираат вработени од ЈП Македонски шуми Прилеп и ТППЕ Прилеп.
Тетовско-полошки плански регион
За гасење на пожарот кај с.Гургурница се очекува да бидат вклучени авиони или хеликоптери. На терен дејствуваат пожарникари во гасењето на пожарот кој се шири кон с.Гургурница
Пожарот во атар на с.Корито,општина Гостивар е сеуште активен. Зафатена е површина со сува трева и пасишта и нискостеблести жбунести растенија со тенденција проширување и зафакање на високо стеблести растенија. Во гаснењето на пожарот интервенирале и хеликоптери. Екипата од ТППЕ Гостивар ја следи состојбата но не може да интервенира заради непристапен терен.
Во општина Јегуновце во селата: Сиричино, Туденце и Копанце пожар на отворен простор е сеуште активен. Гори сува трева и огнот се движи кон Жеден. На лице место интервенира екипа од ПСШ Лешница Тетово. Денеска околу 12,00 часот е интервенирано е и со хеликоптери.
Источен плански регион
Пожарот кој се појави вчера во попладневните часови, во атарот на с. Владимирово кај место викано Кочански рид е под контрола. Во пожарот е зафатена сува трева и ниско стеблеста шума (грмушки) . Во моментот на терен се вработени од ШС Малешево и лица од локалното население.