Информација за пожарите во Р. Македонија и состојбa до 16:30 ч. (05.08.2017)
Северен (скопски) плански регион
Попладнето се појавил нов пожар на потегот с.Морани кон с.Студеничани т.е Вртекица. Исто така на потегот Матка – Шишево повторно се разгорува пожар. Пожарот е на сртот и нема опасност за палење на висока шума, заради конфигурацијата на теренот. Инаку теренот е непристапен за сите видови возила и се следи од вработените на ЈП Паркови и зеленило. Пожарот кај Осинчани кон Држилово на место викано Гороглед попладнето се префрлил преку патот и на лице место се ангажирани сили на ШС Караџица. Со оглед на непристапноста на теренот се очекува гаснење на пожарот од воздух. БППЗ е ангажирана на следните локации на пожари: Месност Црн Камен ( Рамно) на Скопска Црна Гора, Грачани, Осинчани, Студеничани (Вртекица).
Пелагонски плански регион
Пожарот во атарот на с.Подвис е локализиран. На лице место има екипи на ЈП Македонски шуми Крушево и ТППЕ Крушево. Гореше нискостеблеста деградирана шума. Од страна на екипите се чува пожарот со цел да не се активира истиот. Пожарот во атарот на с.Дрен – Смолани е активен. Од утрово на терен дејствуваат екипи на ЈП Македонски шуми Прилеп, ЈП Македонски шуми - Кавадарци, ТППЕ Прилеп и мештани. Гори нискостеблеста дабова шума, чалија, смрека и др.
Југозападен плански регион
Во овој момент зголемена опасност има кај с.Калуѓерец каде пожарот е во непосредна близина на куќите. Се работи за пожарот што се префрли од с.Могилец. На теренот екипите дејствуваат, но се бара интервенција од воздушни летала.
Во моментов ангажирани се следните сили и средства: АРМ (за пожар во с.Требовље и дел од атар на с.Растеш); 2 хеликоптера (атарот на с.Брест од правецот на м.в ФОЈНИК). ЈП Македонски Шуми Мак.Брод се ангажирани за дејствување на пожарот во атар на с.Брес и моментално пожарот е ставен под контрола. Пожарот во село Девич е локализиран;
За пожарот во атарот на с.Могилец присутни се следните сили: ТППЕ – Мак.Брод; ТППЕ Кавадарци; месното население на с.Могилец;
Пожарот во атар на с.Близанско м.в БРДО и м.в КРУША кој поново беше активиран и истиот премина м.в ФОЈНИК, во моментов е ставен под контрола по дејство на хеликоптерите.
Тетовско-полошки плански регион
Според информациите од ЕЛС Брвеница состојбата е непроменета, а месното население го држи под контрола огнот. Состојбата со пожарот во с.Корито е исто така непроменета, огнот не го загрозува селото, а ако има потреба ТППЕ од Гостивар благовремено ќе интервенира.
Повардарски плански регион
Пожарот во атарот на с.Дреново, во месноста Дреновска Корија сеуште е активен. Зафатена е шума под даб, јасен, бука. На терен се лица од ШС Бабуна, но пожарот е интензивен на м.в. Трбова глава над селото а гори даб, бука јасен и др.мешана нискостеблеста и високо стеблеста шума.
Од утрово дел месното население од Богомила излегоа да гасат над манастирот Св.Спас, а дел кај манастир Св.Ѓорѓи. Пожарот е под контрола.
Пожарот на падините на Горна Јакупица е активен, а теренот е непристапен за гасење. Пожарот се проширил во правец на Иванов врв, но сега е стишен и ветерот го враќа назад кон Јакупица.