Ве информираме дека денес 01.08.2017 година, во просториите на Центарот за управување со кризи се одржа седница на Кооринативното оперативно тело за заштита на шумите од пожари, на која присуствуваа претставници од Центарот за управување со кризи, Инспекторатот за шумарство и ловство, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Македонски шуми“, ЈП за стопанисување со пасишта, ЗЕЛС и Министерство за транспорт и врски.
На состанокот беше разгледана моменталната состојба со пожарите во регионот на општина Македонски Брод по што се донесоа следните заклучоци:
- Кооринативното оперативно тело за заштита на шумите од пожари согласно расположивите податоци и анализи заклучи дека со пожарите во реонот на Македонски Брод успешно се справуваат со пожарите во смисол на заштита на населените места, но дека е потребен понатамошен ангажман на ресурсите на расположивите субјекти.
- Кооринативното оперативно тело за заштита на шумите од пожари ја сподели препораката од Групата за процена и презеде задолжувања за превземање на мерки од страна на институциите за подигнување на будноста заради намалување на несовесното и намерното предизвикување на пожари, со посебен акцент за претстојниот празник 2 Август.
- Кооринативното оперативно тело за заштита на шумите од пожари, по разгледување на состојбите и можностите на ресурсите и непристапноста на теренот, предлага преку Управувачкиот комитет, Владата на РМ да започне активности за барање на меѓународбна помошодстранство за поддршка одвоздух на билетерална основа.