Пожарот во атарот на село Требовле е сеуште активен на м.в. ЛУТОЕЦ и покрај патот што води од с.Самоков, м.в Дреноец кој се протега низ борова шума од двете страни на патот, а особено жариштето е присутно на м.в Јасикоец, кое се наоѓа во непосредна близина на патот и населеното место с.Растеш.

Во моментов за пожарот во атар на с.Требовље ангажирани се следните сили и средства: Подрачните одделенија на  ДЗС од Мак.Брод, Прилеп и Кичево, а се очекуваат да пристигнат уште лица од ДЗС на РМ; месно население; ТППЕ Мак.Брод; ТППЕ Скопје, Куманово и Кавадарци; 1 авион на ДЗС; војници од гарнизон Кичево; ЈП Македонски Шуми Мак.Брод; ЈП Македонски Шуми Кавадарци; ЕЛС Мак.Брод.

Поради големината на просторот, лошиот терен, видот на горивата материја  (борова шума), високите темпетатури и присуство на ветар, се појавуваат потешкотии при гасењето на пожарите во овој регион.

Во врска со пожарот во с.Слатина загрозената викендица и пчелните семејства во вчерашниот ден се спасени, но пожарот се шири према место викано Видуш и во моментов не може да предизвика поголема материјална штета. За пожарот во с.Слатина ангажирани се сили на ЈП „Македонски шуми“.

ЦУК на РМ е во постојана координација со надлежните институции и будно ја следи состојбата.