Пожарот кај ЛУТОЕЦ атар на с.Требоље и во правецот на м.в.БРДО и ФОЈНИК е сеуште активен. Оштетени се 3 дрвени столбови за напојување со електрична енергија на с.Близанско. Се превземаат мерки пожарот да се стави под контрола.
Состојба со пожарите на територијата на Македонија до 8:00
Во текот на вчерашниот ден биле ангажирани следните сили и средства: ДЗС; ЈП Македонски Шуми Македонски Брод; ЕЛС Македонски Брод; месно население; екипа од Здравствен дом Македонски Брод, патролна служба за регулиранје на сообраќајот од ПС – Македонски Брод, ТППЕ Македонски Брод; 7 други теритиријални противпожарни единици; 2 авиони од ДЗС на РМ и 1 хеликоптер од АРМ
Околу 15:30 часот добиена е информација дека поради промена на правецот на ветерот, пожарот кој бил во непосредна близина на с.Требовље навлегол во селото и започната е постапка за евакуација на населението. Ангажирани се и 60 војници од касарната во Кичево за гаснење на пожарот. Немало опожарени куќи до тој момент.
Според информациите добиени од РЦУК Македонски Брод во 20,00 часот, пожарот бил сеуште бил активен на ЛУТОЕЦ и во правецот на м.в БРДО и Сува Гора и имал тенденција на ширење во правец во атарот на с.Здуње, и кон с. Требовље во непосредна близина на првите куќи. Присутните единици на атарот на с.Требовље превзедоа мерки за заштита на селото распоредувајќи се на соодветни локации. Ангажирани биле следните сили и средства за пожарот во атар на с.Требовље. ДЗС; месно население; ТППЕ Мак.Брод; 3 други теритиријалните против пожарни единици; 1 хеликоптер од АРМ и војници од гарнизон Кичево.
Поради оштетени електрични инсталации (изгорени бандери) во шумскиот пожар на атарот на с.Требовље, без електрична енергија се селата Требовље и Брест.
Во текот на денешниот ден на гаснење на пожар во Македонски Брод во атар на с.Тревоље ќе бидат употребени следните сили: вработените на ДЗС и 2 авиони , војници од АРМ и 1 хеликоптер, месно населние, ТППЕ Македонски Брод и повеќе други ПП возила од соседни општини.
Во врска со пожарот во с.Слатина загрозената викендица и пчелните семејства се спасени, но пожарот се шири према место викано ВИДУС кое во моментов неможе да предизвика поголема материјална штета. За пожарот во с.Слатина ангажирани се следните сили: ЈП„Македонски шуми„
ПС – М.Брод, месно население и ТППЕ.
РЦУК – Тетово, известува дека во доцните ноќни часови е примена дојава за активен шумски пожар атар на с.Радуша кон с.Дворце, општина Јегуновце. Од утрово екипа од ШС Лешница е на терен за да се утврди големината на пожарот, точната локација и негова интервенција.