Според последните информации пожарот во атарот на с. Требовле има тенденција на ширење во правец во атарот на с.Здуње и према Близанско. Се превземаат мерки пожарот да се стави под контрола.

Директорот на Центарот за управување со кризи м-р Агрон Буџаку и раководителот на координативното оперативно тело за справување со пожари предложен од Управувачки Комитет Драги Тарчуговски, денес ќе го посетат селото Требовле за да направат увид на моменталната состојба со пожарите .  

Согласно мерките донесени на  одржаниот состанок на РШ за управување со кризи на ПО – РЦУК Македонски Брод одржан на ден 30.07.2017 г во 20.00 часот, денес на терен делуваат екипи на: ДЗС; ЈП Македонски Шуми Мак.Брод; ЕЛС Мак.Брод; месно население; 1 екипа од Здравствен дом Мак.Брод, патролна служба за регулирање на сообраќајот од ПС – М.Брод,; ТППЕ Мак.Брод и 7 други тимови на ТППЕ; како и 2 авиони од ДЗС на РМ и 1 хеликоптер од АРМ

РЦУК – Македонски Брод е во контакт со надлежните институции и будно ја следи состојбата.