Пожарот во атар на с.Требовње е сеуште активен. Гори борова шума а во текот на ноќта помеѓу 25 и 26.07.2017 година појавени се уште два нови пожари во м.в.Брдо атарот на с.Требовње и м.в.Круша атарот на с.Близанско. Во текот на изманатиот ден ангажирани се следните екипи: TППE - Македонски Брод (ангажирани во заштита на селото Требовње, кое според проценката не е повеќе во опасност), TППE – Кичево, TППE - Прилеп (ангажирани према место викано Лутоец), ДЗС (ангажира 2 авиони за гаснење и координира со ангажираните сили за гаснење), МВР, Месно население и вработени кај концесионерот на опожарената шума, ЕВН со екипа која е на терен ангажирана за обезбедубање на безнапонска состојба на нивната инфраструктура во опожарениот простор, Македонски Шуми, НП Јасен и АРМ (со 2 хеликоптера за гаснење со употреба на ведро). Село Требовје и село Близанско моментално не се загрозени. Поради ветерот пожарот го сменил правецот на ширење од месноста Круша према местото викано Брдо и Фојник.
Градската депонија во Струга повторно гори. Во текот на вчерашниот ден денот интервенирале екипа на ТППЕ – Струга. Пожарот сеуште е активен.