Пожарот во атарот на с.Требовље (опш.Македонски Брод), со кој е зафатена борова шума, во текот на ноќта беше ставен под контрола. Пожарот е на доста непристапен терен, а на истиот во текот на вчерашниот ден интервенирано е со 2 авиони од ДЗС кои извршиле 10тина налети како и од ШС „Сандански“ – Македонски Брод, ТППЕ Македонски Брод и лица од месното население. Во текот на ноќта пожарот го контролирале вработени од ШС „Сандански“ – Македонски Брод, ТППЕ Македонски Брод и лица од месното население. Од утринските часови на терен интервенираат екипи од ШС Македонски Брод и од ТППЕ Македонски Брод. Има појава на двата нови пожари појавени на М.В „ БРДО “атар на село Требовње и М.В „ КРУША „ во атар на село Близанско. Пожарот има тенденција на ширење поради зголемен ветар.

Поради обемноста на пожарот кој се простира во атар с.Требовње, и село Близанско, општина Македонски Брод како и проценката на  неможноста на ангажираните сили на локално ниво да се справат со огнената стихија, побарано е ангажирање на хеликоптери за гаснење на пожарот.

                Денес во негово гаснење интервенираат 2 хеликоптери на АРМ,  екипи од ЈП Македонски Шуми- Македонски Брод, ПП возила од ТППЕ Македонски Брод и лица од месното население. Во моментот дел од ангажираните сили се насочени кон заштита на селото Требовње и село Близанско.