Според информациите пристигнати до 8:30 часот утрово состојбата е следна.

Пожарот во Националниот Парк Јасен сеуште е активен на недостапен терен и побарано е од ДЗС интервенција од воздух. Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови поради силниот ветар пожарот се движел кон с.Луковица (опш.Тетово).

Во текот на вчерашниот ден во утринските часови се појавил пожар во атарот на селата Царевиќ, Смолани и Дрен. Со пожарот била зафатена уредена дабова шума, сува трева, чалија, смрека и грмушки на површина од околу 70 – 80 хектари. Во текот на денот интервенирале 5 вработени од ШС и 3 пожарникари од ТППЕ Прилеп. Од утринските часови на терен интервенираат екипи од ШС Прилеп и од ТППЕ Прилеп.

Пожарот во атарот на с.Требовље (опш.Македонски Брод), со кој е зафатена борова шума, во текот на ноќта е ставен под контрола. Пожарот е на доста непристапен терен, а на истиот во текот на вчерашниот ден интервенирано е со 2 авиони од ДЗС кои извршиле 10тина налети. Интервенирале екипи од ШС „Сандански“ – Македонски Брод, ТППЕ Македонски Брод и лица од месното население. Во текот на вечерните часови пожарот е ставен под контрола и е спречено негово ширење, а и моментално нема опасност по населени места. Во текот на ноќта пожарот го контролирале вработени од ШС „Сандански“ – Македонски Брод, ТППЕ Македонски Брод и лица од месното население. Од утринските часови на терен интервенираат екипи од ШС Македонски Брод и од ТППЕ Македонски Брод.