Директорот на Центарот за управување со кризи м-р Агрон Буџаку, денес беше во работна посета на РЦУК Дебар. На состанок одржан со вработените беа разгледани преземените мерки и активности во рамките на СУК, особено важни за овој временски период кога до израз доаѓаат последиците од топлото време, како што се пожарите. Исто така, со оглед дека ова е прва работна посета на еден директор на ЦУК на РЦУК Дебар, беа разгледани и потребите од зголемување на човечките и техничките капацитети во РЦУК Дебар.