По поројниот дожд што го зафати регионот во Тетово во текот на вчерашниот ден во попладневните часови, патниот правец с.Бродец – с.Шипковица беше затрупан од нанос на земја, камења и кал. На местото веднаш започна со расчистување и патот е прооден за сообраќај. Исто така беа предизвикани проблеми и кај Поројската река. Патниот правец Тетово – Јажинце во делот на с.Порој е прооден. Три багери работеа на чистење и продлабочување на речното корито од двете страни на мостот како би можела водата слободно да поминува под коловозот. Од МЗ с.Порој донесена е одлука да се продолжи со чистење и во наредните денови како би се отстранила опасноста од повторување на состојбата од пред неколку недели. Од надојдената вода дојдено е до кинење на водоводната цевка која поминува во близина на реката, водоснабдувањето е нормалозирано. Состојбата се следи. Нанос од кал и вода има и кон с.Требош, каде реката се има излеано кај мостот кај м.в.Лагаче, а во мала количина се излеала и на железничката пруга Скопје – Кичево.