На ден 11 и 12.07. 2017 година претставници од ПОРКОА РЦУК Струмица остварија работни состаноци со вработените од РЦУК-Гевгелија и РЦУК-Валандово. Овие средби и состаноци беа реализирани се со цел подобрување и надградување на веќе воспоставената комуникација и координација како во оперативното работење, размена на искуства и надминување на проблемите со кои се соочуваме во секојдневното работење, работата во системот за објавување на кризни настани - ФИНКИ, внесување на дневни настани во МКФФИС, ажурирањето на Е процената и посета на ПТЦ Винојуг Гевгелија.