П О К А Н А

до средствата за јавно информирање

Почитувани,

Во моментов трае седницата на Главниот штаб во Центарот за управување со кризи, на која се расправа по прашања во врска со:


  • Состојбата со серијата земјотреси во охридскиот регион;
  • Високи температури во РМ – опасност за појава од пожари на отворен простор;
  • Разгледување на состојбата во транзитните центри Табановце и Гевгелија

По завршувањето на седницата, на овие теми до јавноста ќе се обратат директорот на ИЗИС, Михаил Гарески, директорот на ЦУК, Агрон Буџаку, раководителот на РЦУК Охрид, Митко Темелковски и Горан Стојковски, раководител на Сектор за заштита на шуми и внатрешна контрола во ЈП Македонски шуми.

Ги покануваме Вашите екипи на прес конференцијата која ќе се одржи во просториите на Центарот за управување со кризи, денес 05.07.2017 година во 13 часот.
 

Со почит,

Одделение за односи со јавноста и протокол во ЦУК