По серијата земјотреси кои што го зафатија охридско – преспанското подрачје, Ве информираме дека на бесплатниот телефонски број за итни повици на Центарот за управување со кризи 195, вчера и денес беа регистрирани околу двесте повици, начелно за предизвикани штети – срушени оџаци, напукнати и изместени преградни ѕидови и други површински оштетувања кои настанале од паднати предмети.По серијата земјотреси кои што го зафатија охридско – преспанското подрачје, Ве информираме дека на бесплатниот телефонски број за итни повици на Центарот за управување со кризи 195, вчера и денес беа регистрирани околу двесте повици, начелно за предизвикани штети – срушени оџаци, напукнати и изместени преградни ѕидови и други површински оштетувања кои настанале од паднати предмети.
Во текот на денешниот ден се одржа вонредна седница на Регионалниот штаб за управување со кризи во Охрид, на која беа присутни претставници од РЦУК Охрид, ИЗИС, Сеизмолошката опсерваторија од ПМФ-Скопје, Командантот на штабот за заштита и спасување на општина Охрид и градоначалникот на општина Охрид.
На седницата се донесоа следните заклучоци:
- Да се продолжи со проверка на објектите во смисла на конструктивна сигурност;
- Да се даваат насоки и упатства за постапување на граѓаните при вакви ситуации, издадени од надлежните институции;
- Да се посетат локациите на кои самоиницијативно се сместени граѓани во шатори;
- Да се извршат дополнителни контроли на исправноста на водата за пиење во епицентралните подрачја.
Апелираме до граѓаните да останат смирени и присебни, да не се создава паника која би предизвикала деструктивно однесување од поединци, да не се подлегнува на гласини и шпекулации за евентуална евакуација и да се следат препораките и насоките дадени од надлежните институции.
За било какви дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на бесплатните телефонски броеви на ЦУК - 195 и полиција - 192.
Ве информираме дека за утре е закажана седница на Главниот штаб, која ќе се одржи во Центар за управување со кризи, на која ќе се расправа за моменталната состојба со серијата земјотреси и ќе се донесат заклучоци за понатамошно делување.